Димитријевиќ одбил нов договор со Хувентуд, наскоро се сели во Валенсија!?

Македонскиот репрезентатвец Ненад Димитријевиќ веќе долго време се поврзува со преселба во Валенсија, а тоа го покажуваат и најновите вести на шпанските медиуми, откако нашиот кошаркар, наводно, одбил нова соработка со Хувентуд.

Димитријевиќ е на чекор да го напушти Хувентуд, а негова следна дестинација најверојатно ќе биде Валенсија, каде што ќе добива половина милион евра годишно.

„Не може да сметаме на кошаркари, кои со паметот се на друго место. Што се случи на последниот дуел во првенството веќе е минато“, кажал тренерот Карлес Дуран.