Димитријевиќ избран меѓу петте најдобри млади кошаркари во Шпанија (ВИДЕО)

Најдобриот македонски кошаркар за 2019 година, Ненад Димитријевиќ, се најде меѓу петмината најдобри млади играчи во шпанската ЕНДЕСА-лига, што е уште едно големо признание во низа за можеби најперпективниот кошаркар со кој располагаме во моментов.

Членот на Хувентуд се најде на третото место по бројот гласови, а најмногу гласови доби од навивачите, а веднаш потоа и од новинарите и тренерите. Во изборот, освен за нашиот Димитријевиќ, се најде место и за Карлос Алоцен (Сарагоса), Усман Гаруба (Реал Мадрид), Арнолдас Кулбока (Билбао Баскет) и Вит Крејчи (Сарагоса).