Давитков ги одреди патниците за Словачка: Мекиќ и Маслинко отпаднаа!

Селекторот на кошаркарската репрезентација, Јорданчо Давитков, донесе одлука за составот кој ќе го носи во Попрад, за мечот со Словачка, в четврток во 18 часот.

Андреј Маслинко и Адем Мекиќ се „жртви“ на резот на Давитков за првиот натпревар од претквалификациите за ЕП 2021.

Ако овие се плански потези и редуцирања на тимот, претходно Александар Костоски беше непријатно изненадување, отпадна од комбинација поради повреда, најмалку за првиот меч со Словачка, а можеби и за дуелот со Швајцарија во Скопје, в недела. Поради тоа, место во тимот се отвори за Бобан Стајиќ.

Претходно настапот го откажаа Бојан Трајковски и Ѓорѓи Чековски, па Давитков реагираше со враќање во националниот дрес на Ричард Хендрикс.