„Црнчуго, ќе те убиеме ако некогаш дојдеш во Њујорк!“

Американецот Ентони Рендолф, кој беше еден од најзаслужните за сензационалното злато на Словенија на Европското првенство (ЕП) во Истанбул, откри дека за време на шампионатот добивал закани со убиство од навивачи на противничка селекција.

Тоа се случило по инцидентот кој го имал со Кристапс Порзингис на дуелот против Летонија, по што беше исклучен. Тоа беше вербален дуел, кој за натурализираниот Словенец завршил веднаш по влегувањето во соблекувалната. Но, кога се вклучил на социјалните мрежи бил шокиран, откако на своите профили видел пораки со смртни закани од летонски навивачи, но и фанови на Њујорк никс каде што игра Порзингис.

„Црнчуго, ќе те убиеме ако некогаш дојдеп во Њујорк“, бил еден од највпечатливите коментари.

Рендолф решил да не одговара никому, но признава дека не му било сеедно кога гледал какви сѐ навреди и закани му упатуваат поради обичен вербален инцидент со противнички играч.