Чуден потег на КФМ: Без официјално да „раскине“ со Тодоров, најави промоција на – нов селектор!

Челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) продолжуваат со чудниот начин на работа, откако денеска испратија информација до јавноста во која информираат дека во понеделник, точно на пладне, ќе го претстават новиот селектор на најдобриот национален тим.

Причина што зачудува ваквиот потег на Перо Антиќ и неговите соработници е фактот што веќе е донесена одлука за наследник на сѐ уште актуелниот, барем за јавноста, предводник на репрезентацијата, Александар Тодоров, без да биде соопштено дека тој е сменет. Тоа е апсолутно нечесно не само кон доскорешниот селектор, туку и кон целата спортска јавност, која заслужува транспарентност и објаснување за потезите на луѓето кои го предводат макбаскетот.

„Селекторот допрва треба да достави извештај за работата во изминатите квалифиакции, по што ќе свикаме стручен совет и ќе го разгледаме напишаното. Потоа со заеднички сили со најдобрите 'стручњаци“ ќе решиме дали ќе се продолжи договорот со Тодоров, што секако стои како опција“, изјави Гечевски

Зад Македонија е неуспешен квалификациски циклус за пласман на ЕП 2022 и настап во претквалификациите за СП 2023.