Претходно најавуваниот ултра-модерен семафор наскоро ќе блесне во арената „Борис Трајковски“, а работниците веќе ги почнаа работите.

Во салата „Борис Трајковски“ имаат настапувано голем број екипи, а за нив најголем проблем дефинитивно беше семафорот, кој постојано имаше некаков дефект. Ова беше пречка и за тимовите кои играа во европски натпреварувања и добиваа огромни казни за нешто што не е во нивна надлежност.

Па поради тоа, беше решено да се монтира голем семафор на кровот на салата во стилот на арените од НБА-лигата, а работите веќе се почнати и работниците се очекува наскоро да ја финишираат работата.

Ѓ