Борба до последен здив: Македонија ја совлада Швајцарија

Македонските кошаркарки до 18 години запишаа уште една победа на ФИБА-Челенџер турнирот, и тоа овој пат против Швајцарија во драматичен финиш со 68-67.

Македонската репрезентација на одличен начин го отвори мечот со 20-5 во првата четвртина, по што Швајцарија на полувреме намали на 23-35.

Во вториот дел кошаркарките на Швајцарија ја стопија предноста на Македонките, која од +12 (37-25) се сврте во корист на ривалот (42-40).

И во последната четвртина Швајцарија имаше водство од седум поени (62-55), но македонските репрезентативки не се откажуваа до последниот здив и со пресврт во завршницата триумфираа со 68-67.

Ова беше втора победа за македонската репрезентација ан турнирот, откако претходно запиша три порази од Украина, Словенија и Бугарија.