Бивш кошаркар на МЗТ ја распарчи Турција, Хрватска подобра од Шведска

Холандија успеа да слави против Турција со 72-65 во првото коло од квалификациите за Евробаскетот, а најдобар кошаркар на теренот беше Шарлон Клоф, кој во сезоната 2016/17 го носеше дресот на МЗТ Скопје.

Натпреварот беше „тесен“ од самиот почеток, а Холандија по првата четвртина водеше со 18-17, додека нивната предност на полувреме порасна на 41-38.

Во вториот дел Турција успеа да израмни на 54-54, по што во последната четвртина Холандија доминираше и успеа да ги изнеанди Турците (72-65).

Клоф ја предводеше Холандија до триумф со 27 поени, шест скокови и шест асистенции.

На останатите натпревари Хрватска беше подобра од Шведска со 72-56, Босна и Херцеговина ја „нокаутираше“ Летонија со 62-61, Грција ја совлада Бугарија со 73-63, а Црна Гора ја совлада Велика Британија со 81-74.