Бајиќ без Дамјан Стојановски и Магдевски во јулските квалификации за СП 2023!

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Драган Бајиќ, го објави поширокиот список потенцијални кандидати за националниот дрес во јулскиот циклус квалификации за СП 2023 на кој повторно го нема Дамјан Стојановски, но релативно неочекувано и – Андреј Магдевски.

Желбата за поголем одмор по напорната сезона, но и несогласувањата со босанскиот тренер, за кои подолго време се зборува во кошаркарските кругови, е причина за отсуството на двајцата првотимци, без кои се намалуваат шансите за пласман во следната фаза. Останатите што беа во тимот на досегашниот четири средби повторно ќе се најдат на паркетот, а Бајиќ нивните имиња ги дополни со поголем број талентирани играчи. Нови меѓу нив се Димитар Иванов од МЗТ Скопје и Лука Стојановски од Еуро Никел, додека останатите и претходно биле на овој поширок список. Местото на натурализиран кошаркар повторно е наменето на Американецот Џејкоб Вајли.

Македонија на стартот од јули прво ќе ѝ гостува на Шпанија (1 јули), а потоа ќе ја пречека Украина (4 јули). Жолто-црвените се последни во групата, во која е и Грузија и тоа со четири порази од четири меча, но се уште со шанса да го избегне последното место кое единствено не води во следната фаза од мундијалските квалификации.

ПОШИРОК СПИСОК НА КОШАРКАРИ ЗА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

  1. Кристијан Николов – МЗТ Скопје Аеродром
  2. Бобан Стајиќ – Пелистер
  3. Ненад Димитријевиќ – Валенсија, Шпанија
  4. Лука Савиќевиќ – МЗТ Скопје Уни Банка
  5. Рубин Стефанов – Канту, Италија
  6. Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром
  7. Андреј Митревски – Феникс 2010
  8. Виктор Ефремовски - Гостивар
  9. Војдан Стојановски - МЗТ Скопје Аеродром
  10. Максим Митевски – МЗТ Скопје Уни Банка
  11. Адем Мекиќ - МЗТ Скопје Аеродром
  12. Димитар Иванов - МЗТ Скопје Аеродром
  13. Андреј Јакимовски – Вашингтон Кугарс, САД
  14. Лука Стојановски – Еуро Никел 2005
  15. Марко Миловановиќ – Ју Ви Кремона, Италија
  16. Андреј Маслинко – ТФТ Скопје
  17. Бојан Крстевски - МЗТ Скопје Аеродром
  18. Стојан Ѓуроски – Пелистер
  19. Андреј Андоноски – МЗТ Скопје Уни Банка
  20. Ваљмир Какруки - Работнички
  21. Амар Хот – Феникс 2010
  22. Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија
  23. Џејкоб Вајли – Шига Лејкстарс, Јапонија
  24. Љубомир Младеновски - Пелистер