Ако ептен нема што да правите: Линк за следење на дуелот Словачка-Македонија!

Со оглед што Македонија настапува во најниското можно натпреварување во репрезентативната кошарка, тогаш и не е изненадувачки што нема да има директен телевизиски пренос од денешното гостување кај Словачка (18 часот) на стартот од претквалификациите за ЕП 2021.

Домаќинот нема ниту обврска да обезбеди интернет пренос, како што беше летово во претквалификациите за СП 2019, што е уште еден показател дека ниту ФИБА многу не се претргнува околу ова натпреварување.

Но, ако ептен немате што да правите вечерва, стартот на новиот циклус на жолто-црвените, сепак, ќе може да го проследи низ интернет-преност и тоа пре локалната тв-станица 213 и тоа на следниот линк.