Вујошевиќ: И цела нога да ми отсекоа немаше да се откажам од кошарката!

Селекторот на кошаркарската репрезентација на БиХ, Душко Вујошевиќ, деновиве се опоравува по операцијата во која му беше ампутиран прст на ногата како последица на гангрената која подолг период му прави проблем.

Но и покрај тоа, легендарниот стратег нема намера да се откаже од кошарката иако со години има дијабетис и неколку пати неделно оди на дијализа.

„Прстот мораше да ми биде исечен бидејќи тоа беше единствен начин да се спречи ширењето на гангрената. И покрај тоа останува во кошарката, што ќе го направев дури и да ми ја ампутираа цела нога. Љубивта е преголема. Единствено планирам да го намалам адреналинот односно нервозата бидејќи тоа ја зголемува опасноста да ми се повтори ваква ситуација. Ќе ми биде тешко да ги контролирам емоциите, но мора да го направам тоа“, изјави Вујошевиќ.