Во последните три децении секој трет НБА-трофеј завршувал кај - Стив Кер!

Кошаркарите на Голден стејт со синоќешната победа во шестиот меч од финалната серија со Бостон дојдоа до седмата шампионска титула во клупската историја, со што се осамија на третото место на вечната листа, веднаш зад „келтите“ и ЛА Лејкерс, кои имаат по 17 трофеи, а пред Чикаго булс кој остана на шест.

Ова е четврти шампионски прстен за „воините“ во последните осум години, сите под тренерската палка на Стив Кер, за кого американските медиуми извадија неверојатна статиските. Бројките велат дека во последните 27 издание на НБА, дури девет пати трофејот се најде во рацете на легендарниот кошаркар, а потоа и стратег. Кер покрај овие четири титули со Г. Стејт, има и три како играч со Чикаго и две со Сан Антонио спарс.

Тоа значи дека една третина од победничките пехари завршувале кај порано фантастичниот бек-шутер, а сега брилијантниот тренер.