Во МЗТ беше „промашување на сезоната“, а сега е играч на колото во АБА! (ВИДЕО)

Србинот во дресот на Цибона, Марко Љубичиќ, го доби признанието за играч на 11. коло во АБА-лигата, откако речиси сам го совлада актуелниот шампион Будуќност (83-77).

Плејмејкерот средбата ја заврши со 22 поени, два скока, седум асистенции и три украдени топки односно имаше 30 индексни поени, остварени за 35 минути поминати на паркетот. Ова е исклучително значајна победа за „цибоси“ во битката за избегнување на последните две места на табелата, кои носат можност за преселба во АБА2.

Учиното на Љубичиќ е делумно изненадувачки за македонските спортски вљубеници, пред сѐ поради неговата ептен лоша епизода која ја имаше во дресот на МЗТ Скопје во сезоната 2015/16. Тогаш беше доведен како големо засилување, но одигра катастрофално па долго време беше кошаркар со најмногу загубени топки во регионалното натпреварување со ужасни проценти во ударите за два и три поени, но и од линијата за слободни фрлања.