Ужасна вест за Србите: Северниот сосед остана без првиот плејмејкер пред СП во Кина!

Српската кошаркарска репрезентација вчера славеше против Литванија со 72-68 во Белград на подготвителниот меч за Светското првнество, но голем удар за нивните амбиции претставува повредата на капитенот и првиот плејмејкер, Милош Теодосиќ.

Теодосиќ го напушти синоќешниот меч во раната фаза од натпреварот поради болките во стапалото, а српските медиуми пишуваат дека тоа е истата повреда, поради која пред две години пропушти голем број натпревари за Лос Анџелес Клиперс, а тоа сега значи дека ќе го пропушти цел Мундобаскет.

Да потсетиме, Теодосиќ претходно потпиша тригодишен договор со Виртус Болоња.