Ужасна игра: Тимот на „нашиот“ Џикиќ за една четвртина постигна – НУЛА кошеви!

Првата четвртина од финалето на првиот Суперкуп во историјата на АБА-лигата ќе остане засекогаш запаметен, но не поради добрата игра и атракциите туку поради ужасниот настап на кошаркарите на Будуќност, кои во првите 10 минути во мечот со Цедевита не постигнаа ама баш ниту еден кош односно поени од игра.

Хрватскиот тим воведниот период го доби со резултат 21-2, а Црногорците единствените поени ги постигнаа од линијата за слободни фрлања. Во црните анали ќе остане запишано дека избраниците на поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ, промашиле 15 удари од поле во низа.

Директен сведок на овој историски неуспех е и талентираниот македонски судија, Боро Антовски, кој во своето деби во АБА-лигата доби чест да биде еден од делителите на правдата во пресметката за победничкиот пехар.