Трогателна исповед за смртта на Оџо: Сторив сѐ да го вратам во живот, но... (ВИДЕО)

Револтиран од разните дезинформации и лажни вести, Новица Чичиќ, скаут на Партизан и воедно тренерот кој работел со веќе починатиот центар Мајкл Оџо, ексклузивно за српски „Курир“ го раскажа сите детали од кобниот тренинг кој беше последен за центарот на Црвена звезда.

Тој потенцира дека ништо не најавувало кобен епилог, со оглед што џинот со големо срце стигнал расположен на тренингот, полн со енергија и решителност да даде сѐ од себе на паркетот.

„На повик на Миња Илиќ, менаџерот на Оџо, побара од мене да работам со кошаркарот со оглед што му заврши договорот со Ц. Звезда, па сакал да биде максимално подготвен за следната авантура во кариерата“, ја почна приказната Чичиќ.

Според него, Нигериецот во ниту еден момент не покажал слабост или, пак, се жалел на било какви здравствени проблеми.

„Ми беше кажано дека бил позитивен на коронавирусот, но дека на 20 јули направил ново тестирање на кое бил негативен. Тврдеше дека е сѐ во ред, дека е здрав и подготвен за тренинг. Со тренинзите почнавме минатиот понеделник, работевме еден час и тоа само на кошаркарска техника, а сите тврдења дека вежбал во теретана и дека трчал се неточни. Поради ваквите тврдења веќе ангажирав адвокати и ќе ги тужам сите“, дополни скаутот на Партизан.

Тој ги објаснува и последните моменти од неговиот живот.

„Ми почина во раце. Сторив сѐ за да го вратам во живот, но не успеав. Беше ужасно“, објаснува Чичиќ.

Целата исповед и видеото со последните моменти од животот на џиновскиот центар може да ја прочитате на следниот линк.