Трилер во српското финале: Партизан со чудесна тројка израмни против Ц. Звезда (ВИДЕО)

Партизан „преживеа“ во вториот натпревар од финалето на српското кошаркарско првенство, откако со 73-73 го победи вечниот ривал Црвена звезда. Херој на натпреварот беше Раде Загорац кој погоди тројка на три секунди до крајот.

На првиот меч победи Звезда, па така сега е 1-1 во серија која се игра до три победи. И овој пат не недостасуваше драма на мечот помеѓу вечните ривали. Интересно, херојот на мечот Загорац претходни ги промаши сите шест обиди за три, но погоди кога беше најважно.

Американецот Тејлор Пејџ беше најефикасен во редовите на победникот и постигна 19 поени, а него го следеше Никола Јанковиќ кој мечот го заврши со 13 поени. Кај Звезда најмногу поени постигна Мухамед Фаје со 14, а Давид Давидовац имаше 11 поени.