Тренерот што ни го донесе последниот пласман на ЕП доби отказ во Подгорица!

Поранешниот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Џикиќ денеска доби отказ од Будуќност, откако на вонредниот состанок на Управниот одбор на тимот беше донесена таква одлука.

Џикиќ го презема црногорскиот тим минатата година, по што успеа да ја освои титулата во црногорскиот шампионат, по победата против Морнар со 3-2 во финалната серија, а во АБА-лигата стигна до полуфинале, каде беше елиминиран од Партизан со 1-2.

Искусниот кошаркар во кариерата работеше во Олимпија, Крка, Партизан, Естудиантес, а ја предводеше и Македонија на која ѝ го донесе последниот пласман на Европското првенство (ЕП) во 2015 година.