Тренерот на Цибона настрада во сообраќајна несреќа – удри директно во камион!

Нецел месец откако беше назначен за прв тренер на Цибона, Иван Велиќ, имаше тешка сообраќајна несреќа која за малку можела да прерасне во вистинска трагедија со оглед што директно се судрил со камион на патот помеѓу Мостар и Широки Брег во БиХ.

Наследникот на Анте Назор, поранешниот стратег на МЗТ Скопје, на клупата на „цибоси“ веднаш бил пренесен во болница во Мостар, каде што му бил дијагностициран потрес на мозокот. Велиќ е надвор од животна опасност, но е задржан за понатамошна обзервација од лекарскиот тим.

Станува збор за искусен тренер кој долго време седеше на клупата на Широки Брег, со кој гостувал во Скопје во склоп на АБА-лигата, а има работено уште и во Џоли, Крка и Слобода Тузла.