Стојановски: Знаевме што да направиме за да не ни се повтори лудиот меч во Сараево!

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски, беше еден од најзаслужните за големата победа на МЗТ Скопје во вториот полуфинален плејоф меч против Спарс, а со тоа и за пласманот на овој тим во финалето од АБА2.

„Знаевме дека мора да одиграме цврсто по оној луд меч во Сараево. Спарс има многу искусни играчи, но им одговоривме на адекватен начин. Одбраната и скокот беа клучни фактори за нашиот пласман во финалето“, изјави Стојановски.

Бекот на „металците“ средбата ја заврши со 19 постигнати поени.