Српска кошаркарка настрада во стравична сообраќајка кај Нови Сад (ФОТО)

Младата српска кошаркарка Ива Шицар е повредена во тешка сообраќајна несреќа, која се случи кај Нови Сад. Таа ја загубила контролата врз возилото, по што влетала во градилиште и се удрила во паркиран камион.

Возилото е целосно уништено, а девојката од автомобилот морало да ја извлечат пожарникари, додека еден маж, кој бил на градилиштето заработил повреда на колкот.

Кошаркарката ја скршила подлактицата и го пукнала челото, а како причина за несреќата се наведува дека таа не сакала да задоцни, па се брзала по што ја загубила контролата врз возилото.

Србинката ќе остане неколку дена во болница, по што ќе биде пуштена на домашно лекување.