Србите си се сеират: Најдете си некого кој ќе ве гледа како што Јокиќ го гледа Марјановиќ! (ФОТО)

Дека репрезентацијата на Србија секогаш ја красела позитивна атмосфера се потврдува и деновиве, за време на подготовките за СП 2019 во Кина, со оглед на големиот број мајтапи и сеири помеѓу кошаркарите, како во живо така и преку социјалниоте мрежи.

Задолжен за мамење насмевки во моментов е центарот Бобан Марјановиќ, кој во тоа успеа со објавата на заедничка фотографија со Никола Јокиќ и коментарот: Најдете си во животот некого кој ќе ве гледа како што Никола ме гледа мене.

Реакциите под постот на Твитер е урнебесна, а само можеме да замислиме како и во таборот на Србија во периодот кога кошаркарите го користат задолжителниот одмор.