Србите се бесни: ФИБА ја претстави Црвена звезда како – хрватски клуб!

Екипата на Црвена звезда вчера беше ставена на „столбот на срамот“ во српските медиуми по информацијата дека го загубила спорот со поранешниот играч Матијас Лесор, на кого ќе треба да му исплати повеќе од 100.000 долари поради неправилен раскин на договорот.

Црвено-белите веднаш ја демантираа оваа информација која беше лиферувана од Светската кошаркарска федерација (ФИБА), која, очигледно, направила голем пропуст, меѓу кој е и претставувањето на овој клуб како – хрватски. Овој детал го забележаа само неколкумина новинари, кои веднаш алармираа, а веста донесе голем револт во јавноста, очекувано поради големиот хрватско-српски анимозитет.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

NO COMMENT #kkcrvenazvezda #fiba

A post shared by Vladan Tegeltija (@vladantegeltija) on

Ова е административен пропуст на Арбитражната комисија на ФИБА, кој сигурно набрзо ќе биде исправен, но ќе треба време да се смири револтот кај навивачите на Ц. Звезда на адреса на светската федерација.