Србија докажа зошто ја сметаат меѓу фаворитите на СП во Кина: Освоен е Акрополис купот

Кошаркарите на Србија уште еднаш покажаа зошто се меѓу фаворитите за златото на Мундобаскетот во Кина, откако сред Атина по продолженија со 85-80 (17-19, 14-19, 21-19, 20-15, 13-8) ја победи Грција во последниот меч од Акрополис купот.

Богдан Богдановиќ блесна со 28 поени, Немања Бјелица додаде 18 поени и 14 скока, преземајќи ја главната улога откако Никола Јокиќ беше оставен да се одмори од страна на селекторот Александар Ѓорѓевиќ. Марко Гудуриќ го реши мечот со три клучни слободни фрлања во последните секунди од мечот.

Како што се очекуваше, Јанис Адетокумбо, ги предводеше Грците со 20 поени, неговиот брат Танасис додаде 17 коша, но вкупната реализација од само 34 отсто во обидите за тројки беше клучна за домаќините. Сепак, тие имаа 48:41 водство на полувреме и изгледаа дека го контролираат мечот, но отсуството на Костас Слукас, Костас Папаниколау и Јанис Папапетру беше забележливо.