Спектакл во Белград: Црвена Звезда ја доби војната против Партизан

Црвена Звезда успеа да победи со 92-86 против Партизан во феноменален натпревар во 18. коло од АБА-лигата и така се искачи на третото место на табелата.

Екипите водеа голема битка од самиот старт на мечот, па најпрво Црвена Звезда имаше предност од 7-3, по што Партизан со серија од седум поени направи пресврт (10-7). До крајот на првата четвртина се случија уште неколку пресврти, а подобри беа „црвено-белите“ со 25-23.

Црвена Звезда успеа во втората четвртина влезе во одлична серија и поведе со 40-27, но Партизан на полувреме намали на негатива од само два поени (42-44).

Партизан успеа да направи целосен пресврт во второто полувреме (64-58), но Црвена Звезда повторно се врати во игра и во последната четвртина влезе со водство од 67-66.

Повторно голема битка на теренот се водеше во секоја измината минута, а на крајот поуспешна беше екипата на Ц. Звезда, која триумфираше со

Најдобар кај „црвено-белите“ беше Били Барон со 25 постигнати поени, додека кај Партизан Немања Гордиќ постигна 14 поени.