Словенецот Драгиќ му порача на Владе Дивац дека е – кошаркарски дунстер!

Еден од најзаслужните што Словенија стана европски шампион во 2017 година, Горан Драгиќ, денеска даде изјава која крена огромна прашина во јавноста, пред се поради фактот што, индиректно, жестоко ја нападна српската легенда, Владе Дивац.

Фантастичниот бек на Торонто репторс се наврати на драфтот во 2018 година, кога беше избран неговиот репрезентативен соиграч, Лука Дончиќ.

„Луѓето кои пропуштија да го драфтуваат Лука се кошаркарски дунстери. Немам никаква почит за нив“, изјави Драгиќ.

Дончиќ беше избран од третата позиција од страна на Далас маверикс, откако претходно беше прескокнат од Феникс санс, за кого одамна се знаеше дека ќе го земе Деандре Ејтон и од Сакраменто кингс. Тогаш главен за кошаркарски операции кај „Кралевите“ беше токму Дивац, кој по долго размислување реши наместо словенечкото „чудо од дете“ да го драфтува Марвин Бегли, кого годинава не му го продолжија договорот и му кажаа дека мора да биде трејдуван.