Скандал во Подгорица: Хулигани на Будуќност тепаа навивачи на Звезда (ВИДЕО)

Кошаркарскиот дуел помеѓу Будуќност и Црвена Звезда беше прекинат поради инцидентите предизвикани од навивачите.

Неколку моменти пред да почне втората четвртина дојде до тепачка на трибината, каде што се наоѓаа навивачите на Будуќност кои исфрлија неколку момчиња од трибината со погрдни скандирања.