Скандал во Грција: Олимпијакос исфрлен во Втора лига!?

Кошаркарите на Олимпијакос, кои сезонава двапати беа бодовно казнети (вкупно осум поени) најверојатно ќе мора да се преселат во Втората лига, откако одбија да го играат четвртфиналето во грчкиот шампионат со Панатинаикос, поради судиите кои се на нивната „црна листа“.

Олимпијакос и претходно порача дека нема да одигра ниту еден меч со Панатинаикос, ако бидат домашни судии, посебно тројца за кои сметаат дека го оштетиле клубот.

Тие побараа само странски судии, но нивното барање беше одбиено, па следуваше одлука за бојкот, а според правилникот, Олимпијакос се откажал од плејофот, па автоматски е исфрлен во Втората грчка лига, доколку реши да се натпреварува во неа.

Сепак, клубот не би требало да претрпи голема штета, зашто беше поднесено барање за учество во АБА-лигата идната сезона.