Синот на легендарниот Дејвид Робинсон ќе игра во АБА-лигата (ФОТО)

Вчерашното неочекувано вметнување во Еврокупот, на местото на израелскиот Макаби Рашон, ги „примора“ луѓето од тимот на Морнар да размислуваат за дополнителни засилувања, па веќе денеска промовираа нов кошаркари и тоа син на еден од најдобрите центри во историјата на НБА-лигата.

Станува збор за Џастин Робинсон (24 год, 202 см), наследник на Дејвид Робинсон, кој беше еден од најдоминантните високи играчи во деведесетите години од минатиот век. Популарниот „Адмирал“ своевремено беше прв избор на драфтот во НБА и во следните 14 години го носеше дресот на Сан Антонио спарс. Зад себе има два шампионски прстени, беше дел од оргиналниот Дримтим во 1992 година на ЛОИ во Барселона, како и избран меѓу 50. најголеми легенди на најсилната лига во светот.

Неговиот син, по три години минати на Универзитетот Дјук, не успеа да влезе во НБА, па реши среќата да си ја побара во Европа, а црногорски Морнар е негова прва професионална дестинација.