Шампионот на победа до финале: Ц. Звезда го прегази Морнар, Антиќ даде пет поени

Актуелниот бранител на трофејот во регионалната АБА-лига, белградска Црвена Звезда убедливо победи во првиот полуфинален меч со црногорски Морнар од Бар, победувајќи денеска во Белград со 91-63, триумф во кој македонскиот репрезентативец Перо Антиќ учествуваше со пет поени.

Црвена Звезда е на победа до пласман во ново финале, а уште од самиот старт актуелниот регионален шампион најави дека нема да калкулира и експресно направи предност од осум поени, кои со фантастична одбрана во вториот период (Морнар даде само осум поено), практично и го реши мечот. На полувреме, белграѓани имаа плус 17, доволни уште тогаш да ја запишат првата победа во овој полуфинален дуел. До крајот, Ц: Звезда замо ја зголеми предноста со убедлив настап во последната четвртина за конечна победа со 28 разлика (91-63).

Фелдин со 23 поени беше најефикасен, Бјелица даде 17, а Рочести и Омиќ по 10. Антиќ мина 12 минути на паркетот и даде пет поени (1/2 за два, 1/4 за три) и имаше три скока и една асистенција.

Полуфиналето се игра во две добиени, па за финале сега на црвено-белите ќе им треба само уште една победа во Бар идната недела. Ако има мајсторка, таа ќе се игра на 31 март во Белград.

Вечерва се игра и првиот дуел од второто полуфинале, а Будуќност е домаќин на Цедевита.