Се пробуди од кома: Кузмиќ се чувствува добро, продолжува со лекување

Кошаркарот на Црвена Звезда, Огнен Кузмиќ, се пробуди денеска во попладневните часови од кома.

Според првите зборови на српскиот кошаркар, тој се чувствува добро, позитивно реагира на сите терапии кои му ги дава медицинскиот тим, и се очекува неговата состојба во наредните денови дополнително да се подобри.

Од друга страна, лекарскиот тим е задоволен од рехабилитацијата на Србинот, кој имаше сериозни проблеми со дишењето, предизвикани од сообраќајната несреќа која Кузмиќ ја доживеа во неделата во утринските часови.

Клубот од Белград во наредните денови сетално и редовно ќе ја известува јавноста околу здравствената состојва на својот кошаркар.