Рајковиќ испиша историја со ЦСКА Москва во ВТБ-лигата

Македонскиот тренер Емил Рајковиќ заедно со ЦСКА Москва синоќа славеше со 95-93 во „македонското дерби“ против Ненад Димитријевиќ и Уникс Казан во 14. коло од ВТБ-лигата.

Рајковиќ испиша историја во ВТБ-лигата, откако стигна до 14 победи по првите 14 кола и така постави рекорд за најдобар старт на сезоната.

„Ова беше навистина голема битка и многу тежок натпревар за двете екипи. Горд сум на моите кошаркари кои заслужија 14-0 и нов рекорд за најдобар старт во историјата на клубот“, кажа Рајковиќ.