Продолжува српската „војна“: Ц. Звезда краде уште еден кошаркар на Партизан!

По Кори Волден, управата на Црвена звезда се обидува да „украде“ уште еден кошаркар на Партизан, со што дополнително се разгоруваат страстите помеѓу големите ривали, пишува српски Б92.нет.

Станува збор за Американецот со српски пасош, Маркус Пејџ, кој има опција да го раскине договорот со црно-белите поради одредени долгувања од минатата сезона, нешто што црвено-белите сакаат да го искористат. Наводно, Пејџ сѐ уште се двоуми и не знае што е најдобро решение за него, иако опцијата да направи трансфер во Ц. Звезда во моментов е сосема реална.

Американецот во Партизан стигна во 2018 година, а неодамна потпиша нов договор со важност до 2022 година.