Приведен поранешен кошаркар на Кожув поради семејно насилство

Поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Ратко Варда бил уапсен од полициски службеници во Белград поради семејно насилство, објавија српските медиуми.

Варда, кој го носеше дресот на Кожув во 2015 година, бил приведен откако физички и психички ги малтретирал сопругата и двете малолетни деца.

Српски „Телеграф“ објави дека на Варда му била изречена забрана за комуникација со неговото семејство.

Варда во кариерата играше за Партизан, Детроит, Бешикташ, Киев, Реал Мадрид, Мега Визура и други екипи.