Потпиша за Партизан па заврши во затвор поради -дрога (ФОТО)

Кошаркарот на Партизан, Рашон Томас, моментно се соочува со огромен проблем во САД, каде беше уапсен поради поседување дрога.

Според пишувањата на медиумите од Тексас, Томас е уапсен откако во неговиот автомобил биле пронајдени недозволиви супстанци.

Имено, при рутинска контрола, полицаецот почувствувал дека од автомобилот излегува мирис на марихуана, поради што следувал претрес. Во возилото на кошаркарот биле пронајдени неколку апчиња - екстази, 3.5 грама марихуана, како и две епрувети со масло од хашиш.

Поради тоа Томас веднаш бил приведен и ноќта ја минал во затворот во Тексас, од кој е пуштен откако платил кауција во износ од 32.000 долари.

Нему му се заканува казна од две до десет години затвор доколку биде обвинет за кривично дело од трет степен.

Инаку, Рашон ова лето пристигна во белгратскиот клуб од Динамо Сасари, а во српските медиуми беше најавен како кошаркар со кој Партизан би можел да ја прекине доминацијата на Црвена звезда.