Поранешниот тренер на Никола Јокиќ седна на клупата на Будуќност!

Српскиот тренер Дејан Милојевиќ од денеска и официјално седнува на клупата на Будуќност, што претставува негово враќање на кошарката по скоро осум месечната пауза.

Станува збор за поранешен предводник на Мега Сокербет, тимот кој изминативе години важеше за расадник на НБА-таленти, меѓу кои е и можеби најдобриот центар во ова натпреварување во моментов, Никола Јокиќ.

Милојевиќ е поранешен кошаркар на Будуќност, каде што играше во периодот од 2000 до 2004 година. Тоа доаѓа на местото на Петар Мијовиќ, кој вчера поднесе оставка.