Поранешниот тренер на МЗТ Скопје доби „клоца“ од Задар

Поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Анте Назор, повеќе не е тренер на хрватскиот кошаркарски клуб Задар.

Челниците на клубот решија да направат ваков потег по лошиот старт во новата сезона, во кој Задар претрпе три порази во АБА-лигата во исто толку меча, а воедно голем удар доби и од Цибона во домашното првенство.

Официјално, Анте Назор веќе не е тренер на Задар. Клубот се согласи со тренерот да го раскине неговиот договор и се во потрага по нов тренер за сениорскиот тим. Повеќе детали ќе бидат познати по прес-конференцијата, чиј мандат ќе биде објавен подоцна. Му посакуваме среќа во неговата понатамошна професионална кариера, стои во соопштението на Задар.

Ова за Назор беше трет мандат на клупата на Задар, додека во редовите на МЗТ Скопје беше во сезоната 2016/17.