Поранешниот кошаркар на МЗТ се сели во Шпанија: Цветковиќ по само еден месец ја напушти Мега

Поранешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Александар Цветковиќ, ќе ја продолжи кариерата во шпански Естудијантес.

Цветковиќ пред само еден месец потпиша за Мега Бемакс, откако минатата сезона ги бранеше боите на Манреза од Шпанија, па реши повторно да се врати во лигата во која минатата сезона бележеше во просек по девет поени и три асистенции по натпревар.

Инаку, српскиот бек го носеше дресот на тимот од Аеродром две сезони, од 2013-2015 година.