Поранешен македонски селектор неколку дена по отказот се пресели во Израел!

Некогашниот предводник на макдонската кошаркарска репрезентација, Александар Џикиќ, само неколку дена по отказот што го доби во Будуќност најде нов клуб и тоа во Израел, каде што ќе работи првпат во кариерата.

Тој ќе седне на клупата на Хапоел Ерусалим, еден од најголемите ривали на традиционално најдобриот израелски тим Макаби Тел Авив. Џикиќ минатата сезона тимот од Подгорица го однесе до завршницата од АБА, ТОП 16-фазата во Еврокупот и до двојната круна во Црна Гора, но тоа не беше доволно за управата на клубот, која веднаш му ја прекина соработката.

Српскиот стратег успешно ја предводеше Македонија во квалификациите за ЕП 2015, но потоа не доби шанса да седи на клупата на континенталниот собир, кој е последен на кој настапи жолто-црвената селекција.