Периќ избран за МВП, Бабиќ е најдобар тренер, а Дибиров доби место во идеалниот тим (ФОТО)

СЕХА-лигата го објави идеалниот тим од регуларнот дел од сезоната, каде што настапија Вардар и Еурофарм Пелистер, а дел од ракометарите го најдоа своето место во изборот.

МВП во регионалното натпреварување е Јосип Периќ, кој беше избран и за најдобар среден бек, додека како најдобар тренер е избран Жељко Бабиќ, исто така од Еурофарм Пелистер.

Најдобро лево крило е Тимур Дибиров, а ндодека во екипата има место и за Невен Стјепановиќ, додека најдобар дефанзивец беше Глеб Калараш кој си замина од тимот на „црвено-црните“.

Во идеалната екипа имаше место и за Вјачеслав Бокан од Мотор Запорожје, Оливер Рабек од Татран Прешов, Матеј Ашанин и Вукашин Воркапиќ од Металопластика, додека Јовица Николиќ е најдобар млад ракометар.