Партизан покажа дека нема ривалство во вакви моменти: Издржи Кузмиќ! (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб Партизан покажа дека во вакви ситуации нема ривалство и други навивачки поделби, затоа што цела Србија му посакува Огњен Кузмиќ набрзо да оздрави и да се врати на кошаркарските терени.

Кузмиќ доживеа тешка повреда на главата и градниот кош, по што мораше итно со хеликоптер да биде префрлен во Клиничкиот центар во Белград.

Партизан му посака побрзо оздравување на кошаркарот на Црвена звезда, кој тешко беше повреден во сообраќајна несреќа, која се случи на пат од Бања Лука кон Приедор.

Издржи Куз. На репрезентативецот на Србија и кошаркарот на Црвена звезда, Огњен Кузмиќ, му посакуваме брзо и успешно оздравување, пишува на клиупскиот сајт на Партизан.