Партизан подготвува сензационален трансфер на соиграч на Јокиќ во Денвер!

Екипата на Партизан планира дополнително да се засили во пресрет на стартот на Евролигата и на атакот на титулата во АБА и тоа со сензационален трансфер на аргентински репрезентативец, кој минатите две сезони ги одигра во дресот на Денвер Нагетс.

Станува збор за Факундо Кампацо, кој во моментов е слободен играч и кој речиси сигурно ќе се врати во Европа. Црно-белите се во битка со Реал Мадрид, за кој Аргентинецот настапуваше пред да се пресели во НБА во 2020 година. Оваа информација за заинтересираноста на Партизан прв ја објави рускиот новинар, Артем Комаров.

„Партизан влегува во трка за Кампацо. Според мојот извор, српскиот тим е подготвен да му понуди едногодишен договор. Аргентинскиот кошаркар се уште нема решено каде ќе ја продолжи кариерата“, напиша Комаров.

Партизан на стартот од АБА лесно ја совлада Цибона, в петок ѝ гостува на Алба Берлин, а во понеделник ќе му гостува на МЗТ Скопје.