Панатинаикос сака во АБА за да игра против Олимпијакос

Грчкиот гигант, Панатинаикос испрати официјално писмо до челниците на АБА лигата во кое ги известува дека се заинтересирани за учество во регионалната лига. Мотивација за нивно учество е тоа што и Олимпијакос сака да биде дел од оваа лига.

Уште од поодамна е познато дека Олимпијакос јавно искажа заинтересираност за учество во регионалната кошаркарска лига, а нивните чекори сега ги следи големиот ривал Панатинаикос, кој во писмото до АБА напоменал дека сака да се натпреварува во силна лига, кадешто ќе учествува и Олимпијакос.

Олимпијакос искажа заинтересираност за влез во АБА, по случувањата во полуфиналето на грчкиот Куп, по кој члениците на тимот изјавија дека не сакаат повеќе да се натпреваруваат во Грција. Но, очигледно не можат да се спасат од Панатинаикос, кој секогаш сака да го „демнее“ лутиот ривал.