Откако на клупата седна Ивановиќ, Црвена звезда реди само победи - падна и Партизан

Кошаркарите на Црвена звезда со 90-74 го победија Партизан во меч од АБА лигата, за црно-белите ова беше прв пораз во регионалното натпреварување.

Првото вечно дерби меѓу Црвена звезда и Партизан традиционално помина во тензична атмосфера и со прекини. На крајот на победа се радуваа црвено-белите.
 
Црвена звезда не знае за пораз откако за тренер беше назначен црногорскиот стратег, Душко Ивановиќ, ова беше петта победа под негово водство.
 
Дербито го одбележа прекин кон крајот на првиот период. Навивачите на Црвена звезда фрлаа со предмети кон судиите кои потоа го испразнија тој дел од трибините.
 
Но, празнењето на трибината кај што се најжестоките навивачи на Звезда, не му помогна многу на Партизан. Мечот беше решен во последната четвртина која црвено-белите ја добија со 20:9.
 
Најдобар во тимот на Црвена звезда беше Вилдоза со 19 поени, Недовиќ постигна 17, кај Партизан, Папапетру реализираше 15 поени, Ексум имаше 14.