Официјално: Рајковиќ две години на клупата на ЦСКА Москва (ФОТО)

Поранешниот селектор на македонската младинска репрезентација, Емил Рајковиќ, од денеска и официјално е нов тренер на рускиот гигант ЦСКА Москва, со што се потврдија најавите објавени (види ТУКА) уште пред две недели.

Ова е историски момент за македонскиот спорт, бидејќи поранешниот стратег на Фени индустри, Работнички и МЗТ Скопје седнува на клупата на најзвучното име кое некогаш било предводен од наш стручњак во било кој спорт. „Црвеноармејците“ се осумкратен европски шампион, имаат преку 50 титули во поранешен СССР и Русија, како и десет победи во регионалната ВТБ-лига.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by CSKA Moscow (@cskabasket)

Рајковиќ, кој потпиша двегодишен договор, доаѓа на местото на веќе легендарниот грчки стратег Димитриос Итудис, кој во последните осум години ги предводеше московјаните. Македонецот минатата сезона повеќе од успешно го предводеше руски Автодор, а претходно имаше две одлични сезони во Астана од Казахстан. Двете екипи играа во ВТБ лигата со што дојде на радарот и на великаните, со оглед што летово за него беше заинтересиран и Зенит.

Тој, за жал, во првата година од мандатот нема да биде дел од Евролигата, која ги суспендира руските екипи поради инвазијата врз Украина.