Објавени последните фотографии на џинот на Ц. Звезда направени моменти пред да почине (ФОТО)

Прераната и неочекувана смрт на доскорешниот центар на Црвена звезда, Мајкл Оџо (27 години), ги потресе буквално сите не само во српските кошаркарски кругови туку и многу други ширум светот, кои сѐ уште не може да сфатат како еден врвен спортист во полна сила може да замине така лесно и тоа во еден миг.

На добриот џин, како што многумина го нарекуваа, му се слошило на тренинг во салата во склоп на стадионот на Партизан додека одработувал кошаркарски елементи. Српските медиуми дојдоа до последните негови фотографии и тоа направени моменти пред да колабира, а потоа и да почине.

„Откако му заврши договорот со Ц. Звезда, Оџо реши да остане во Белград и да работи индивидуално за да биде подготвен за новата сезона во нов клуб. Тренираше редовно и сѐ беше како што треба сѐ до петокот. И тогаш дојде на тренинг расположен, работеше на центарска техника како и многу пати претходно. Не се точни информациите дека инцидентот се случил во салата за кревање товар“, изјави човек близок на починатиот кошаркар.

Оџо ја завршил својата вежба и се поместил друг кошаркар да ја нашправи истата и тогаш само – паднал.

„Беше шокантно, сите бевме вчудоневидени. Се сруши по само 15 минути тренинг, а веднаш пробавме да му ја вратиме свеста. Веднаш викнавме брза помош, но очигледно му немало спас“, дополни истиот извор на српските медиуми.

Џинот неколку дена претходно излегол како победник со битката со Ковид-19, а негативниот тест го носел во својата торба.

„Точно е дека беше позитивен на коронавирусот, но оздраве. Направи тестови на приватна клиника, резултатот беше негативен и навистина ништо не навестуваше ваков страшен епилог. Не се жалеше на ништо додека тренираше. Беше омилен меѓу сите. Навистина голема штета“, завршува човекот близок до починатиот кошаркар.

Сите фотографии од последните моменти на Оџо може да ги видите на следниот линк.