Ново име на кошаркарската сцена во Хрватска - Динамо Загреб!

Кошаркарскиот клуб Рудеш од денеска ќе биде познат како Динамо Загреб. Овој состав постои од 1972 година, а во иднина ќе се натпреварува под новото име. 

Претседателот на клубот, Маријан Појатина вели дека за промена на името се размислувало долго време. Динамо Загреб ќе биде амбициозен клуб во кој ќе работат искусни и меѓународно признати имиња за да создаваат нови квалитетни кошаркари.

„Нашата цела е јасна, базирана на прецизна организација на клубот, со експерти кои искуството го собираа во европски и американски екипи, со перспективни млади играчи, сакаме клубот да го доведеме на едно завидно ниво заедно со подршка од целиот град. Едвај чекаме да дојде есента и да почнеме со натпревари, но највеќе на подршката од трибините, бидејќи овие момци кои ја оставаат душата на терен, го заслужуваат тоа“, додаде првиот човек на клубот.