Новата Звезда му удри врела шлаканица на Будуќност!

Кошаркарите на Црвена Звезда го освоија АБА Суперкупот, откако во финалето го победија Будуќност со 75-89.

Белградскито тим доминираше во целиот натпревар и на крајот заслужено ја освои титулата, па покажа дека и сезонава ќе брка титула во АБА-лигата.

По десет минути игра Ц.Звезда имаше предност од 12 поени разлика (16-28), а потоа разликата постојано се зголемуваше, па на полувремето таа изнесуваше 25 поени, 32-57.

Будуќност немаше шанси да се врати во натпреварот, па Звезда без поголеми проблеми ја задржа предноста и во продолжението и на крајот стигна до триумф од 75-89.

Најефикасен во победничкиот тим беше Сенегалецот Мухамад Фаје со 14 постигнати поени, а кај Будуќност, Баровиќ постигна 19 поени.