Ништо ново: Уште еден убедлив пораз за Пелистер во ФИБА Европа (ФОТО)

Кошаркарите на Пелистер вечерва претрпеа нов убедлив пораз во ФИБА Еврокупот против италијанска Приевидза која на свој терен славеше со 97-82.

Македонскиот вицешампион рамноправен противник беше само во почетните минути од натпреварот, а домаќините многу бзо дојдоа до двоцифрена предност и практично уштее тука го решија прашањето на победникот.

По првиот период на семафорот стоеше 27-17, а во втората четвртина предноста на италијанскиот состав и двојно се зголеми, а на пауза Пелистер замина со 16 негатива (49-33).

Во продолжение се беше само рутинска завршница во која македонскиот претставник немаше сили за нешто повеќе. Брејси-Дејвис со 19 поени беше најефикасен кај Пелистер, а го следеа Дамјан Крстевски со 16 и Никола Малешвиќ со 15 поени. Најрасположен во противничкиот табо беше Ноа Рејнолдс со 23 поени.

За Пелистер ова беше трет пораз во низа во Еврокупот и вкупно четврти во петиот натпревар, единствената победа ја забележа токму против Приевидза во Битола во првиот натпревар.