Неверојатно: Гром го прекина финалето помеѓу Партизан и Ц. Звезда! (ВИДЕО)

Четвртиот меч од финалната серија во кошаркарската лига на Србија меѓу Црвена Звезда и Партизан беше прекината поради тоа што гром удри во салата, па дел од светлата настрадаа.

Во првите минути од последната четвртина почна да капе од покривот на салата, па продолжението од мечот беше оневозможен поради големото невреме кое владее во Белград.